Последните зборови од животот на познатите писатели

Како што може да се очекува од луѓе што умееле со зборовите, во последните мигови нивните изјави варираат од горделиви, гневни, па до хумористчни. Следуваат неколку од оние што до ден денес одекнуваат низ историјата:

Хантер С. Томпсон: „ Се опуштам. Нема да боли. “- Последните зборови кои ги остава на хартија  пред да се самоубие.

Џорџ Бернард Шо: „Умирањето е лесно, комедијата е тешка”

Лиман Френк Баум: „Сега веќе можам да поминам низ лебдечките песоци” – авторот на „Волшебникот од Оз”.

Дилан Томас: „ Испив 18 чисти виски. Мислам дека ова е рекорд. ”

Волтер, кого свештеникот го замолил да се одрече од сатаната, одговорил: „Сега, сега, добар човеку, не е време да си создавам непријатели.”

Хенрик Ибзен: „Напротив!” – Тоа е неговиот одговор кога медицинската сестра му рекла дека изгледа малку подобро.

Ернест Хемингвеј кон својата жена: „Добра ноќ, маче мое.”

Џејмс Метју Бари, авторот на „Петар Пан”: „Не можам да заспијам.”

Ханс Кристијан Андерсен: „Не ме прашувај како сум! Не разбирам ништо повеќе. ”

Џејн Остин: „Не сакам ништо друго, освен смртта.”

Антон Чехов: „Не сум пиел шампањско доста време.”

Жан Кокто: „Од денот на раѓањето, смртта ја започна својата прошетка. Таа чекори кон мене, без да брза.”

writerscollage

Томас Хобс: „На пат сум да го започнам последното патување, голем скок во мракот.”

Марк Твен кон својата ќерка Клара: „Довидување. Ако се видиме … ”

Лав Толстој: „Но селаните … Како умираат селаните?”

Јохан Волфганг фон Гете: „Повеќе светлина!”

Џејмс Џојс: „Никој ли не разбира?”

Херберт Велс: „Оди си. Добро сум. ”

Едгар Алан По: „Господи, помогни и на најсиромашната моја душа.”

Лорд Бајрон умира од настинка во Грција, каде отишол да ја слави грчката независност: „Сега, треба да се заспие.”

Франц Кафка: „Убиј ме! Или си убиец! “- Кон докторот, кој одбива да му даде смртоносна доза морфиум. Кафка умира од туберкулоза и не можел да зборува во последните денови.

Јуџин О`Нијл: „Знаев. Знаев. Роден во хотелска соба и ѓавол да го земе, умрел во хотелска соба. ”

Шарлот Бронте: „О, нема да умрам, нели? Тој нема да не раздели. Бевме толку среќни. “- писателката со последни зборови кон нејзиниот сопруг, со кого биле во брак само 9 месеци пред нејзината смрт.

Емили Дикинсон: „Треба да влезам; се спушта магла. “

- Реклама -