Последните оценки на Ајнштајн

За генијот Алберт Ајнштајн е постои верување дека не бил најдобар во училиште, дури дека бил под просечните студенти со успехот и дека почнал да се истакнува надвор од училиштето. Но пронајден е многу редок ракопис кој служи како доказ дека Ајнштајн не само што бил добар ученик, туку и дека покажувал знаци дека има потенцијал за гениј

Просечниот успех во овој сертификат на Ајнштајн е 5, што се евалуирало како „добро“, а во тој систем на оценување најдобра оценка била 6. Во сертификатот стои дека генијот имал оцена 6 по алгебра, геометрија, физика и историја. За предметите за кои веројатно немал многу интерес бил пониско оценуван.

Веројатно урбаниот мит за просечноста на Алберт Ајнштајн потекнува од фактот дека во швајцарскиот систем на оценување 6 е најдобра оцена, а 1 најмала, додека во германскиот е сосема обратно. Патем, тој учел во швајцарско, а не во германско училиште (како што е општо познато). Ајнштајн немал добри оцени во лингвистичките предмети. Но со најдобри оценки во природните науки на само 17 години, веќе покажал јасни знаци кон што е ориентиран неговиот потенцијал. Значи, дефинитивно шпекулациите дека тој се откажал од училиштето се неточни.

Целата статија на факултети.мк

- Реклама -