По 13 години по појавата на Phantom VII, Rolls-Royce стави соодветен крај на производството на уникатната верзија.
Последниот Rolls-Royce Phantom VII е порачан од познат колекционер на брендот и речиси секој еден од деталите на автомобилот е прилагоден за оваа цел, односно на неговите желби и барања. Во опремата откриваме специјално дизајниран сет од часовници во ентериерот, изработени така што да асоцираат на море, како и голем број на други уникатни мотиви во внатрешните панели на вратите, на праговите, седиштата… Исполнет во единствената морска тематика, има и екстериерна шема на бои.
Последниот Phantom VII дава и свој печат на следната генерација на моделот Rolls-Royce Phantom VIII. Како и ова последно издание, така и новината ќе биде изградена на нова алуминиумска платформа и ветува нови стандарди во сегментот на ексклузивните луксузни превозници. Со целосно нова алуминиумска архитектура која ќе биде користена и во сите други нови претставници на легендарната марка, новата генерација на Rolls-Royce Phantom ќе стане реалност на светските патишта веќе следната година.