„Последниот ден на училиште“ – една потресна реклама од Сингапур

„Што и да се случува, ниту едно дете не треба да ја жртвува својата иднина.“
Ова е пораката на „Последниот ден на училиште“ – нова, потресна рекламна рекламна кампања на компанија за финансиски услуги од Сингапур, со кои што компанијата ја промовира својата програма за помош на деца од сиромашни семејства кои не можат да си дозволат да се едуцираат.

Херој во филмот е Сју Фанг – девојка во Сингапур, која завршува училиште и треба да се упати кон универзитет, но тешко и е да го направи тоа, бидејќи секогаш го става своето семејство на прво место. Сју Фанг се грижи за помалиот брат и својата сестра, откако нејзината мајка починала, но и за нејзиниот татко, со неговите променливи расположенија, кој е во инвалидска количка.

Видеото доби многу позитивни критики од најголемите имиња во светот на рекламниот близнис.

Текстот е објавен во соработка со Via Marketing

- Реклама -