После случајот со талентираното штипјанче време е да го вратиме природно-правниот концепт на правичноста

ФБ статус на Апасиев

SUMMUM IUS, SUMMA INIURIA!

(„И најголемото право некогаш може да биде најголема неправда“ – Цицерон)

После случајот со талентираното штипјанче Дамјан, на кое министерката Мила Царовска – повикувајќи се на словото на ЗАКОНОТ – не му даде награда затоа што бил основец, а победил на математички натпревар со средношколци (!?), редно време е да размислиме повторно за воведување на природно-правниот концепт на ПРАВИЧНОСТА (лат. Aequitas) како извор на правото!

Правичноста со векови била извор и во Римското, а до ден денес таа е извор во Англо-саксонското право, баш поради вакви случаи – кога слепото почитување и буквалистичкото толкување на нормите и одредбите од формалното/позитивно право, може да доведе до апсурдни и неправични правни последици во праксата.

p.s. Прв обид за воведување на правичноста како правен извор кај нас имаше во 90-те, кога шупачкиот Уставен суд ја укина оваа одредба од Законот за судови. Време е пак да ја вратиме!

#ДолуПравниотПозитивизам
#ДаЖивееЈуснатурализмот

- Реклама -