После осум години се појави мистериозна пријателка на Тоше

Тоше Проески го загуби животот на 16-ти октомври во 2007-та година во сообраќајна несреќа, а осум години подоцна, една негова пријателка Ања Миронова, одлучила да прозбори за приватниот живот на пејачот, како и фактот што се повеќе луѓе го користат неговото име за лична промоција, пишуваат српските портали.

Во продолжение прочитајте го интервјуто.

Каков беше Тоше во приватниот живот, што го интересираше, што правевте заедно?

„Можам да кажам дека е личност за цел живот, секогаш можевте да се потпрете на него како на пријател и брат. Секогаш искрен. Беше оптимист, секогаш позитивен, но воедно и многу емотивен и силен. Тоше не можевте да го видите изнервиран, да се расправа или да навредува некој. Секогаш беше насмеан дури и кога не му беше до смеење, правеше се за другите да се чувствуваат расположено и секому му пружаше неколку минути внимание. Често се релаксираше покрај музика дома. Сакаше опера, музика од филмови, што ни беше заедничко. Многу гледаше филмови, омилени му беа историските. Го исполнуваше спортот. Сакаше да компонира и да чита книги. Некое време пред смртта, што малку кој знае, проучуваше јазици, а особено беше импресиониран од италијанскиот. Имаше малку слободно време, но и кога ќе најдеше го користеше за семејството. Никогаш од него не можеше да се слушне, за разлика од другите „ѕвезди“ дека настапите му се напорни, дека не му се оди на концерт, дека е преморен. Тој и кога беше изморен, а тоа беше често, сакаше да каже: Уф колку убаво се изморив. Без разлика дали беше концерт, спорт. Го сакаше тоа што го работеше“.

Screenshot_196

Какви спомени носиш од тој период од животот?

„Убави и само убави. Се останато би било излишно“.

Колку долго се познававте?

„Се запознавме во 2004-та година и тоа по игра на случајноста. Моето семејство го познаваше бидејќи се занимаваше со музика и така остваривме контакт“.

Дали ти пречеше тоа што многу луѓе по несреќата почнаа да се поврзуваат со него, иако не беа ниту приближно блиски?

„Ми пречеше и ми пречи. Многу ме нервира фактот, почнувајќи од обожавателите, па преку луѓето кои можеби неколку пати седеле со него, а кои го нарекуваат пријател, во весниците да зборуваат како Тоше беше ангел, или чудо. Дали тие луѓе имаат некакви искрени чувства и почит? Апсурдно ми е да слушам и да читам такви изјави. Луѓето кои навистина го познаваа ќе се согласат со мене. Тоше не беше никаков светец, да се разбереме. Тој беше само момче какво што денешницата нема или го има сѐ на сѐ во неколку проценти, бидејќи е вистинска реткост да се види комплетен и грижлив чове кој на дете, па и возрасен од 100 години би му излегол во пресрет. Тоа го нема сега и слободно можам да кажам дека ми е срам поради тоа во името на сите луѓе. Тој прд сѐ беше многу убаво и воспитано момче, побожен. Културата, побожноста и добрината која се носи од семејството и црквата се работи кои најмногу го одликуваа“.

Screenshot_244

Како се бориш со неговото заминување?

„Ми се чини понекогаш, како да ми е полесно кога сум во кругот на некое заедничко друштво и кога сме на телефонски линии, бидејќи ме враќа на старото. Не сакам кога многу се зборува за него, кога сме заедно како да го чекаме да се појави. Едноставно не се борам. Тоа ќе боли се додека постојам. Најтешки датуми ми се 16-ти и 17-ти декември“.

Дали можеш да издвоиш некоја ангдота која заедно сте ја доживеале?

„Во една пригода седевме и ми раскажуваше како и се восхитува на групата „Il Divo“. Беше во состојба да зборува со часови и кои делови од песните ги препеале од веќе познати песни. Беше фасциниран“.

Оваа наводна пријателка на Тоше досега никогаш никој не ја спомнал во јавноста, ниту пак е забележана некаде со него. Дали навистина му била пријателка или е уште една од редот слава на сметка на Тоше, најверојатно нема да дознаеме.

- Реклама -