После 70 години го прочитала дневникот на нејзината прва љубов

Томас “Котон” Џонс, 22 годишен маринец, имал последна желба пред да биде убиен од непријателски снајпер на 17 септември 1944 година во битката за Јужниот Пацифик. Неговата желба била, неговиот дневник да и биде даден на неговата единствена и најголема љубов.

Лаура Мае Дејвис (90) која живее во Индијана, САД, никогаш не го добила дневникот од неговата фамилија. Но никој неможе да се спротистави на судбината, таа секогаш ќе го најде патот за да ја открие вистината.

Музејот во Њу Орлеанс поставил изложба на артефакти од втората светска војна, и на 24 април Лаура го посетила музејот. Тогаш таа ја прочитала посветата од својата одамна заборавена прва љубов.

Џонс бил помеѓу 1.750 американски маринци кои загинале во крвавиот напад на стратешкото важно острово Пелеилу, под контрола на Јапонската царска војска.

-Немав појма дека неговиот дневник е овде – изјавила Лаура, која после година дена од смртта на нејзиниот љубен, се омажила за воен пилот од американските воздушни сили. Откривањето на дневникот длабоко ја погодила оваа постара жена и солзите при интервјуто биле неизбежни.
thomas-cotton-dnevnik

Инаку младиот пар се забавувал од 1941 година. Се запознале во средното училиште Винслов, каде Џонс бил во школскиот кошаркарски тим, додека Лаура била нивна навивачка.
thomas-cotton-laura

Џонс напишал во дневникот дека сака тој да и биде подарен на неговата единствена и најголема љубов Лаура Мае Дејвис, доколку тој загине во битка. Дневникот го пишувал нешто помалку од година дена, до самиот крај на неговиот живот. Секој ден ја спомнувал Лаура.

Лаура изјавила дека незнае зошто дневникот на Џонс никогаш не и доставен. Причината најверојатно е неговата сестра, со која Лаура не се познавала добро.
thomas-cotton-jones-dnevnik

- Реклама -