Софија Лорен и Џејн Мансфилд беа најбараните актерски диви, а нивната заедничка фотографија од забава, остана засекогаш забележана.Сега, најпосле ја знаеме приказната за овој настан.
Е тоа беше „Љубоморен поглед“. Момент што камерите го забележаа во далечната 1957 година на забава организирана од филмското студио Парамоунт, Софија Лорен не може да го тргне погледот од колешката Џејн Мансфилд, како и сите останати, благодарение на свилениот фустан што ги нагласува нејзините адути.
„ Парамоунт организираше забава во моја чест. Сиот филмски свет беше таму и беше неверојатно. А тогаш дојде Џејн Мансфилд и тоа последна. Седеше на мојата маса. Знаеше дека сите ја гледаат. Каде се моите очи? Гледам во нејзините брадавици бидејќи се плашам дека ќе завршат на мојата чинија. Можете да видите страв во моите очи. Се плашам дека фустанот ќе пукне“, вели Софија за Ванити Фер.
Славната актерка неодамна го прослави 80-тиот роденден, а нејзиниот сексипил и понатаму е присутен.