Португалскиот репрезентативец Нуњеш уапсен во Шпанија


Шпанската полиција минатиот месец накратко го уапси играчот од средниот ред на Манчестер Сити и португалски репрезентативец 26-годишниот Матеуш Нуњеш за наводно кражба на мобилен телефон, изјави полициски извор за Reuters во средата, потврдувајќи ја информацијата на весникот El Mundo.

Нуњеш му грабнал мобилен телефон на 58-годишен маж од рацете во ноќен клуб во Мадрид, верувајќи дека човекот без негова согласност го фотографирал во тоалетот, пишува весникот.

Запрашан за апсењето, портпаролот на мадридската полиција потврдил дека португалски државјанин бил уапсен во 5,30 часот наутро на 8 септември во ноќен клуб во центарот на градот, бидејќи наводно украл скап мобилен телефон. По распитот во полициска станица, мажот бил ослободен до судењето.

Полициски извор потврдил дека уапсениот е Нуњеш, додавајќи дека случајот се води како грабеж, а не како кражба бидејќи вредноста на мобилниот телефон надминувала 300 евра.

Портпаролот на Нуњешс не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Нуњеш,со бразилско потекло, минатата сезона му се приклучи на шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити од Вулверхемптон Вондерерс, ибеше дел од селекцијата на Португалија за ЕУРО 2024 во Германија во јуни и јули.

- Реклама -