Оваа кул патека, наречена Paiva Walkways, ги шара бреговите на реката Паива во Арука, Португалија, и ве носи во прекрасната природа на реонот. Дело е на соработката на општина Арука со инженерите од Trimétrica.
Изградена е од тесни дрвени мостови и скали со вкупна должина од 8 километри уживанција во неверојатни пејзажи, водопади, ридови, флора и фауна. Одиме на мала фото-прошетка преку објективот на Нелсон Гаридо.