Мао Це Тунг еднаш рекол „слепите се оние кои најмногу страдаат на овој свет“, иако, многу луѓе тешко можат да ја разберат вистинската реалност на слепилото. „Блајнд спот“ e фотографски проект на Ли Занг и има за цел сето тоа да го поправи преку документирање на животот на слепите деца во рурална Кина.
Според официјалните податоци, во Кина има околу 17 милиони лица со оштетен вид и целосно слепи лица, кои сочинуваат 18 отсто од светската популација на слепите лица.Седумдесет проценти од овие луѓе живеат во руралните средини, особено во сиромашните средишни и западните делови на земјата. Младите слепи луѓе се соочуваат со особено тешки околности. Кога доаѓаат на возраста за задолжителното образование, тие често се принудени да одат во специјални училишта, наместо да учат заедно со нивните врсници. Последицата е големата изолација во општеството.
Ли Занг преку објективот на фотографскиот апарат ги лови нивните потешкотии, со надеж дека нејзините слики ќе ја подигнат свеста за агонијата низ која слепите поминуваати и дека ќе се работи повеќе на подобрувањето на нивната положба во Кина.