Во јуни 2015-та, Педро Оливеира почнува своја серија од фотографски есеи фокусирани на животите на луѓе ширум неколку градови на западниот брег на САД. Луѓе како него, луѓе како мене и тебе, кои имале и планови и сништа, но од било каква причина завршиле на улица или во засолништа.
„Идејата на проектот е едноставна: Комуницирам со нив, ги слушам нивните приказни и ги споделувам, кога и да ми дозволат, нивните фотографии и пишаните наративи од нашите разговори. Целта на проектот е да го покачи нивото на свест околу тенката линија што го дели општеството од бездомниците, и да го сруши – се надевам – тој масивен општествен ѕид кој ги прави нив практично невидливи за повеќето од нас“.
За една година, фото-есејот „Careful: Soul Inside“ (Внимавај: Има душа внатре) доби своја сопствена галериска изложба, а се појави и во неколку локални весници и на неколку локални телевизии.