Од почетокот на војната во Украина во 2014 речиси 10 000 лица го загубија животот а повеќе од 20 000 се повредени, Иако украинската влата и сепаратистичките групи потпишаа два одвоени мировни договори, борбата во источен Донбас продолжува. Украинската војска излезе со образложение дека од март 2016 до денес се убиени повеќе од 90 војници. Фотографката Викторија Војчеховска ја поминала зимата 2014 во Украина, а фотографиите ги објавува оваа година.
Целта и` е да ги долови бескрајните последици од војната со посебен акцент на младите војници, трудејќи се да нè наврати и потсети на конфликтот, кој многумина сметаат дека е веќе заборавен.