Портрет од 200.000 мравки

portret_mravkiКалифорнискиот уметник Крис Труман направи портрет рекреирајќи стара фотографија од детството, а за тоа му беше потребен необичен материјал – вкупно 200.000 мравки.

Калифорнискиот уметник Крис Труман направи портрет рекреирајќи стара фотографија од детството, а за тоа му беше потребен необичен материјал – вкупно 200.000 мравки.

article-1294385-0A6CC5E9000005DC-98_468x519

Уметникот ги купувал мравките живи, по 40.000 од нив и по цена од 400 евра, за потоа да ги убие и со пинцета да ги постави на парче плексиглас. Она што е неверојатно е дека уметникот успеал да го продаде своето дело за повеќе од 27.000 евра и тоа на американската компанија Ripley која поседува музејска колекција од необични дела.

Труман за малку ќе се откажел од создавањето на своето ремек дело заради тоа што го гризела совеста што убива недолжни инсекти. Тој вели: „Ми требаа неколку години да го довршам, не заради тоа што беше напорно, туку заради што во одредена точка се чувствував лошо заради тоа што ги убивав мравките.“

article-1294385-0A6CC609000005DC-341_468x312

Инспирацијата за сликата дошла од искуството кое Труман го имал кога бил дете. Тој објаснува: „Јас и мојот помал брат нападнавме мравјалник и црвените мраки не искасаа. Одлучив да се навратам на тоа искуство од детството.“ „Мравките се неверојатни суштества.“ додава тој.

article-1294385-0A6CC4E2000005DC-892_468x449

Уметникот најпрво бил со идеја секоја мравка сам да ја фати и да ја убие, но на крај заклучил дека за тоа ќе му биде потребно многу време. Заради тоа издвоил повеќе од 2.000 евра и купил 200.000 мравки. Мравките ги умртвувал со вата натопена во ацетон, а потоа со пинцета ги поставувал на парче плексиглас.
[Artist kills 200,000 ants to use in recreation of childhood photograph]

- Реклама -