Порторико: Во ураганот „Марија“ загинале 3000 лица

Во налетот на ураганот „Марија“ кој минатата година го зафати Порторико загинале најмалку 3000 лица, што е доста поголема бројка од првично објавената, дека загинале 64 лица.

Властите од Порторико минатата година ја потврдија информацијата дека загинале 64 лица, но според независни студии спроведени на тој терен, бројката е 46 пати поголема.

И една година по катастрофалниот ураган не е обновено снабдувањето со електрична енергија на островот, а на жителите веќе им е нормално и вообичаено да имаат проблеми со практично базичните потреби за нормален живот.

- Реклама -