Портокалот го намалува ризикот од мозочен удар и е богат со минерали и витамини. Ова овошје најмногу им се препорачува на пушачите и на бремените жени.
Моќни минерали
Портокалите се богати со минерали – калциум, калиум и магнезиум. Калциумот ги чува коските, а калиумот нервите и мускулите.
100 г портокали содржат 181 мг калиум, 40 мг калциум и 10 мг магнезиум
Вистински избор за пушачи и трудници
Познато е дека никотинот го уништува витаминот Ц. Затоа лекарите често велат дека, ако на непушачите им е потребен еден портокал како заштита од настинка, на пушачите им се потребни три. Исто така, портокалите се идеална храна за трудниците затоа што изобилуваат со фолна киселина која е неопходна за развој на фетусот.
Факти
86%
Портокалот содржи висок процент на вода – 86% и затоа бргу го заситуваат организмот. Кога купувате бирајте со помазна кора затоа што тие се посочни и послатки.
1830
Уште во 19 век британската компанија „Меквитис“ го произвела првиот „јафа кекс“ што го добил името по вид на портокал.
85%
Од еден портокал се добиваат 90 мл сок, кој е одличен извор на витамин Ц, калиум и фолна киселина. Дури 85% од портокалот се преработува во сок.
19%
Флавоноидите, моќни антиоксиданси кои во најголем дел се наоѓаат во внатрешниот бел дел на портокалот, го намалуваат ризикот од мозочен удар за 19 отсто.