Porsche Macan се појави без камуфлажа

Новиот компактен кросовер на Porsche е целосно подготвен за своето деби, што може да се види од објавените фотографии направени од изданието Autoblog.

На нив возилото, чија премиера ќе се одржи на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во ноември, е без апсолутно без никаква маска.

1

Теренецот е изграден на платформата на Audi Q5, но за разлика од него конструкцијата му е речиси целосно од алуминиум. Ова му овозможува на Macan да тежи 130 килограми помалку од Q5. Освен тоа, моделот на Porsche се потпира на различни мотори и ентериер, како и на други подесувања на суспензијата.

2

Се очекува палетата на мотори на новиот модел да се состои од 6-цилиндерски бензински и дизел агрегати. Во подоцнежна фаза ќе се појави и 4-цилиндерски бензински мотор, како и хибридна верзија. Најмоќната модификација на Macan ќе се потпира на 3.0-литарски би-турбо V6 мотор, чија моќност ќе достигне 400 КЅ.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -