Пилотот на леталото се спуштил на аеродромот во Лос Анџелес, а мајката и бебето биле итно одведени во болница.
Патничка на авиоон на летот од Сан Франциско до Финикс родила син веднаш по полетувањето.
Мајката се породила со помош на лекари и болничари кои биле во авионот на компанијата „Саутвест ерлајнс“. Пилотот на леталото се спуштил на аеродромот во Лос Анџелес, а мајката и бебето биле однесени во болница. Авио компанијата соопштила дека и мајката и бебето се добро, но не го објавила името на мајката.
Патниците изјавиле дека ја виделе бремената жена како нервозно се движи чекајќи да влезе во авионот. Тие додале дека екипажот прашал дали има доктор во авионот, а после некое време се слушнал плач на бебе.
Пилотот преку разглас и честитал на мајката за раѓањето на синот.