Музичкиот магнат Симон Ковел е многу горд што станал татко. Од својот син не се одвојува ни на плажата во Мајами, Флорида.
Познатиот пар Лoрен Силверман и Симон Ковел пред една недела со воодушевување го дочекаа својот прв син Ерик. Се разбира, гордиот татко ги објавил нивните фотографии на социјалните мрежи, а малото бебе веќе искусило како изгледа ден на плажа.
Иако папараците го следеле секој нивни чекор, Л0рен се чуствувала сигурно со обезбедувањето, а малиот Ерик е очигледно добро бебе што ниту еднаш не заплакал и само спиел во рацете на мајка си.
Освен тоа, на плажата со познатиот пар биле и нивните домашни миленици кои Симон ги носел во двете раце, а вниманието кои го добивале од случајни луѓе се чини воопшто не им сметало. Треба да се забележи дека Лорен изгледа прекрасно по раѓањето- некои жени имаат наследено добри гени.