Порното и девиците

Hot-Kissing-font-b-Girls-b-font-font-b-Tongue-b-font-BW-Lesbian-32-x24[1]

Да гледаш како две особи со нормален изглед имаат реалистичен секс исполнет со задоволство не само што не е штетно, туку често е и добра идеја. За жал, тоа што се случува во 97 милијарди долари вредната глобална порно индустрија е сé освен тоа. Продуцентите на порно филмови имаат само една цел: инстатно палење на мажите и брз профит. А тоа, повторно за жал, подразбира еротизација на деградацијата на жените.

Една студија околу однесувањето во порното истакнува дека дури 90% од 304 случајно избрани сцени содржат физичка агресија кон жените, кои пак на тоа реагираат неутрално или со „задоволство“. Уште полошо, во некои сцени, жените ги молат партнерите да запрат, а потоа се помируваат и почнуваат да уживаат во чинот, без разлика колку е понижувачки и/или болен и насилен.

Но, чекајте, тоа не е најстрашното. Околу 40% од децата на возраст од 10 до 17 години се наоѓаат изложени на онлајн порното, многу од нив по случајност. Според друга студија направена врз 800 студенти – наречена „Генерација XXX“, 90% Од мажите и една третина од жените имале гледано порно во последната година. Дури и ако децата гледаат „ванила“ (обично, регуларно, без екстремности) порно, пораката сé уште е дека женската сексуалност постои за доброто на мажите. Многу од тинејџерките ќе речат: „Гледам порно затоа што сум девица и сакам да разберам како работи сексот“.

Да, постојат индикации дека порното има либерализирачки ефект: хетеросексуалните мажи што гледаат порно, на пример, многу полесно одобруваат истополови бракови, за разлика од врсниците што не гледаат порно. Но, од друга страна, истите овие имаат помала тенденција да преземат или поддржат конкретна акција за подобрување на правата на жените. Исто така, и можеби и пострашно, е што имаат поголема тенденција да ја мерат својата машкост (машкоста, не органот), својот социјален статус и својата лична вредност според бројот на „жешки“ девојки/жени со кои спиеле. (А сите знаеме до какви гомна може тоа да доведе; желба за моќ, комплекси, себичност, власт, нечовечност – сé тоа како средство за пристап до повеќе згодни женски).

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

А заради тоа што порното ја претставува агресивноста како секси, знае и да ги затапи чувствата и да ја зголеми безосетноста: На пример, жените и девојките што гледаат порно имаат помала тенденција да интервенираат кога ќе видат друга жена на која ѝ се закануваат или е нападната, а исто така и им треба повеќе време да препознаат дека самите тие се наоѓаат во опасност.

„Порното има застрашувачки ефект врз тоа како жените веруваат дека треба да изгледаат и да се однесуваат, особено за време на сексот“, вели Лесли Бел – психотерапевт и автор на книгата „Hard to Get“.

Во истата има наведено пример од „исповед“ на една млада девојка, која фино опишува дел од тоа што произлегува од просечното порно:

„Ќе се смувам со некој тип што е стварно згоден. Потоа, кога нештата ќе отидат многу подалеку, одеднаш умот ми се менува и веќе не сум реална личност. Тоа е како: Ова сум јас, а ова е мој перформанс, моја изведба. Ова сум јас како глумам… а не ни знам кого глумам, која е „таа“ што ја глумам всушност. Некоја девојка од фантазиите, претпоставувам, веројатно девојката од порното“.

Имајќи ги предвид сите овие фактори, плус многу други кои се овде изоставени, јасно е каква е перцепцијата и какви се очекувањата од младите девојки, и од машка, и од своја сопствена перспектива. Ете, еден дел од мистеријата зошто младите девојчиња сé порано престануваат да бидат девици.

- Реклама -