Џо Бротон има поминато неколку години овековечувајќи ја уметничката убавина на празните, лажни медицински и училишни простории.
– Овие сетови се направени со многу љубов, вели фотографката, која и самата, во средните 90-ти додека била студентка по уметност, работела како асистентка во порнографско студио.
– Прво бев девојката што носи кафе, го спрема сетот, носи ручек, класичен потрчко, објаснува таа.
Но, бидејќи се спријателила со сопственикот на студиото – Стив (кој пак работел за британскиот порнографски барон Пол Рејмонд), Џо, која за себе ќе рече дека во тој била нефункционална тинејџерка, на некое време дури и се вселила во студиото и таму живеела. Подоцна, кога станала чистачка, почнала да го документира она што останува на сетовите откако работата е свршена.
– Се сеќавам на многу чудни денови, се потсетува Џо.
Подоцна таа почнува да работи и во други, овој пат културни и ценети ателјеа, но сепак, ги претстави своите фотографии од студиото на Стив дури неодамна, на Лондонскиот уметнички фестивал. Не дека немала обиди и порано, ама, како што смета таа, луѓето не биле подготвени да прифатат таков вид фотографија, заради конотацијата што ја носи. Џо смета дека сега е право време.