Порно на билборд среде центар на Џакарта

2016_10_02_13187_1475383311._large[1]

На ултра прометна улица во Џакарта, среде бел ден, возачите имаа ретка прилика да уживаат (некои и да се ужасуваат) во нетипичен билборд. Имено, цели 5 минути, на еден од дигиталните билборди одеше порно.

Во меѓувреме канцеларијата на Агенцијата за комуникации и информации успеа да ја исклучи струјата и да го стопира филмот.

Полицијата првично претпоставуваше дека се работи за хакер, но испадна дека ова е дело на еден од задолжените за билбордот. 24-годишникот беше уапсен во својата канцеларија, а рекол дека делото го направил сам. Сепак, полицијата ќе истражува дали имал и други соучесници, дали имал некаков мотив, или само се глупирал за забава.

Возачите дефинитивно сметаа дека шегата е забавна, па затоа инцидентот го има и на куп видео клипови снимени од мобилни. Ама властите – не. Во Индонезија – во која живее  муслиманско мнозинство, пристапот до порнографските сајтови е блокиран. Претходно Индонезија ги блокираше и популарните сајтови Tumblr и Vimeo, токму заради сексуалните содржини.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Според шефот на полицијата, Индонезиецот може да биде обвинет по основа на два закона: Законот за електронска трансакција – според кој може да добие казна од 6 години затвор и 1 милијарда рупи (77.000 долари); или според Законот за порнографија – според кој може да биде осуден и на 12 години затвор.

Еве го видеото од инцидентот, кое патем содржи и +18 делови (хеј, сепак е порно). Вие пресудете дали вреди 12 години затвор:

https://youtu.be/HILdYCZW1ME

ПС. Ништо чудно YouТube да го тргне видеото, во тој случај клик ТУКА (ако баш сте решени).

- Реклама -