Кристијано Роналдо беше нервозен откако неговата репрезентација загуби од Германија со 1:0 на стартот од ЕП 2012. Но, него има кој да го утеши. Не е тоа Ирина Шаик, туку друга секси девојка.
Португалецот добил „жешка“ СМС порака од порно ѕвездата Лиза Ен кога се вратил во хотелот по поразот од Германија на првиот натпревар од Европското првенство. Не е познато како ќе реагира Ирина на оваа порака од Лиза, но Кристијано призна дека добил утешителни зборови од актерката што ја играше Сара Пејлин во порно пародијата на изборниот циклус во САД пред 4 години.
„Во прв момент се пресеков, но потоа се изнасмеав. Не можат да ме изненадат ваквите пораки затоа што ги добивам секојдневно од стотици непознати луѓе“, изјави Кристијано Роналдо.
Обавено во соработка со Екипа.