Бри Олсон – успешна порно актерка и поранешна девојка на Чарли Шин, отворено раскажа за товарот што го носи заради својата поранешна професија, иако веќе неколку години не се бави со истата. Вели дека се чувствува како пакет од сите погрдни зборови што ѝ ги упатуваат.
„Луѓето ме нарекуваат со погрдни имиња, а така и ме гледаат, како нив лично да сум им направила нешто лошо. Има денови и недели кога воопшто не излегувам од дома, бидејќи не сакам да се соочувам со тоа. Помалку неудобности доживував додека снимав секс сцени, отколку сега, додека го поминувам ова“.
Во периодот од 2006-та до 2011-та, Олсон сними преку 280 порно филмови. Во 2011-та, вели Бри, кога ја напуштила индустријата, заработувала од 20 до 25 илјади долари неделно. Во последниве шест години се бори да ги преживее нападите на околината.
„Да сакам, уште утре можам да се вратам во порно индустријата и да заработувам 25.000 долари неделно, ама не сакам“, вели таа.
Се проценува дека во текот на порно кариерата, Олсон заработила преку седум милиони долари. Денес смета дека порното ѝ го уништило животот, не затоа што не ја сакаат во ниту една друга професија, туку заради предрасудите на другите.
Во интервјуто, Бри не издржува и се расплакува на прашањето „Како сакаш да те гледаат (луѓето)?“.
„О боже, тоа е толку едноставно… А никогаш не сум размислила за тоа…“. По подолга консолидација на солзите, одговара: „Сакам да ме гледаат како што би гледале на мажена, регистрирана медицинска сестра со 2.5 деца во Индијана“.