Забораивме да разговараме ко луѓе. Дигитализацијата не пикна у малите монитори, и станавме робови на дигитализирани чувства, на разговор со слики и на кикотења на нереални работи. Одиме по улици као роботи, зркнати у тоа мобилните, ни семафори, ни пешачки, ништо не забележуеме. Не пиеме алкохол сите по сабајле, но сите сме данбетер попијани од нашите акаунти, од нашето линк-поврзување со остатокот на светот. У автобус сите зјапаат у екраните на мобилните. По улица исто. На утакмици исто. Додека се пие кафе у град или додека децата си играат во игротека. Го пропуштаме животот околу нас, веќе не сме ни живи, туку битија со природни органи а дигитализиран мозок. На улица не мора да си кажеме здраво, пошто пак ќе се најдеме на ФБ и ќе си опињаме лајкови под некои наши изразени ставови, кои никако да ги изразиме у животов.
Моќните елити не шибаат у мозок, а виртуелниот интернет простор е убаво место да се изнајадеме вафли и да се декомпресираме од бесот. Некогаш излагавме од дома и на елитите им тропавме на врата. Така изразувавме револт. Сега станавме воајери на сопствените животи кои воопшто не ги ни живееме. Дали убава риба е во прашање, или интелегентен човек, нема да се осмелиме да ги запреме на улица да проговориме со нив, а онака виртуелно, ќе им зјапаме у животите, и по слики и чекирања и по листи на пријатели. Грозно. Дајте одма телефонски број ко ќе ве застанат на улица. Пошто у етер имате оставено ама баш се. Уште бројот на гаќи остана мистерија. Бар кажете си здраво на улица бе пичка му мајчина.
Децава пред маалата наши, заборавија што е играње серва, што е играње фудбал каде куповите облека се редеа да бидат стативи. Не знаат што се кожички за раце и џамлии, не знаат што е тегнење Долга магарица и чатали ко патали. Не знаат што е бзззт и маање заушки од позади глаа. Не знаат што е ферка, каде се јадеше ќотекот и после се пружаше раката, и се продолжуваше со другарството. Децава пред нашите маала имаат се помалку примери, како да израснат во људини а се повеќе имаат шанси да пораснат у човечиња и безгласни букви.
И додека денес, 90 насто од луѓево се уклучени, фактички исклучени сме од се. Нема народ по улиците, нема публика по утакмиците. Имаме повеќе ФБ групи отколку водачи на навивачките трибини. Имаме страници со над 100 000 подржувачи а на улиците не можеме да се собереме ни стотина. Е толку стана ценет нашиот збор, со дадената ,,слобода” да јадеме гомна по нетов. Меланхолични битија на кои единствена цел ни е да се навреди оној што не размислува како нас, наместо да поставиме темели на здрава комуникација. Да се сретнеме надвор и да разговараме со саати. Да пробаме да си го поедноставиме животот, затоа што моќниве елити не згазија. Ни го оставија само тој простор на социјалните мрежи, да дробиме и да не тураат у некои папки. Многу подобра опција е да се исклучиме за конечно да се уклучиме у животот. Да ни го чујат гласот. Да не чујат како пцуеме или како здраво кажуваме. Да не видат како боксираме или како се ракуваме, се едно….
НАПИША: БУЛЕВАРКО