Поранешната асистентка: Морав да спијам со Лејди Гага

Lady_Gaga_931101i

Џенифер О’Нил, поранешната асистентка на Лејди Гага која ја тужи пејачката поради неисплатен хонорар за прекувремената работа, раскажала на судот дека во текот на турнејата „Monster’s Ball“ во 2010 година, морала дури и да спие со пејачката.

„Морав да бидам 24 часа покрај неа, седум дена во неделата. Тоа вклучува и спиење во ист кревет со Гага, бидејќи таа никогаш не спие сама“, изјавила О’Нил. Таа воедно додала дека била единствената од екипата на пејачката која немала сопствена соба.

„Немав никаква приватност, не можев ни да се слушнам со семејството, да работам било што, дури ниту да имам секс доколку сакам. Буквално не можев ништо,“ се жалела асистенката која тврди дека пејачката и должи 380 000 долари за прекувремената работа.

- Реклама -