Американските медиуми пишуваат дека првите два сопрузи на пејачката, Охани Ноа и Крис Џад, заедно со нејзиниот последен бивши дечко, Крис Смарт, се здружиле за да и ги извадат сите тајни на површината.
Наводно, тие тројца заедно ќе напишат книга во која ќе раскажат се за своите односи со една од најголемите ѕвезди во светот.
„Life&Style” пишува дека на тројцата бивши им се понудени 50 милиони долари за договор за книга, но ПР службата на Лопез целата приказна ја нарекува „еден куп глупости”.