Поранешните девојки на холивудскиот актер Чарли Шин не знаеле дека тој е заразен со вирусот ХИВ, причинител на смртоносната СИДА кога имале секс со него.
Познатата порно актерка Бри Олсон го обвини Чарли за лажење, откако тој ја откри страшната дијагноза во телевизиска емисија, со уверување дека во последните 4 години ги известувал сите свои сексуални партнерки и само со две од нив имал сексуален контакт без заштита.
Олсон и Шин имаа едногодишна врска, која започна во 2011-та година. Во исто време актерот ја дознал дијагнозата.
„Дознав од телевизија, како и сите други. Секој ден имавме секс, а јас не сум знаела ништо “, се пожали Олсон и соопшти дека тоа и дава основа да го тужи актерот. Во голем број Американски Држави скривањето на ХИВ-СИДА од сексуалниот партнер е незаконско и се казнува со затвор од 6 месеци за секој случај.
Најмалку шест жени побарале правници и подготвуваат тужби против него. Самиот Шин коментираше дека очекува многу од неговите поранешни девојки да го тужат. Според извор, директно поврзан со телевизиската ѕвезда, во последните 2 години актерот имал секс барем со 200 жени.
Тестот на Олсон е негативен
29-годишната Олсон гостуваше во радио емисијата “Шоуто на Хауард Стерн” на радио Sirius XM Radio. Таа раскажуваше детали за односите со Чарли и за тоа како имале незаштитен секс.
Се проценува дека 35 милиони луѓе во светот се заразени со ХИВ. Нивниот број во САД е околу 1,2 милиони. Според американските здравствени власти секој ден со ХИВ се заразуваат 50 000 луѓе.
#CharlieSheen being honest and authentic. This will hopefully push us towards a time when stigma is erased. https://t.co/tB84B7j6dy
— Robert Gershinson (@ShootTalkPhotos) November 17, 2015