Поранешната жена на Маск советува како најлесно да се збогатите

Џастин Маск, писателка и поранешна сопруга на Елон Маск, има нејзино интересно согледување за тоа што е потребно за да се збогатите.

Според нејзиното мислење, работата не е во одлучноста и во тоа колку сте вредни, туку во нешто друго.

„Префрлете го вашиот фокус од она што го сакате (милијарда долари) и посветете се да откриете што е тоа што му е потребно на светот. Запрашајте се каква уникатност поседувате, а ниту еден компјутер не може да ја замени, нешто што никој не може да го пронајде поевтино, нешто што никој не може да ви го украде и да го направи подобро“, порача таа во еден говор.

А, потоа треба да го развивате тој потенцијал.

„Одберете една работа и станете експерт. Одберете и друга работа и станете експерт за неа. Кога ќе станеш експерт за два света, да кажеме инженеринг и бизнис, можеш да ги поврзеш така што ќе споиш нови идеи за да се создадат други нови идеи кои никој не ги видел, но и да направиш компетитивна предност затоа што можеш да се движиш меѓу два света, да зборуваш два јазика, да поврзеш елементи за да имаш креативен увид сè додека не се разбудиш со идеја која ќе ти го промени животот“, порачува поранешната сопруга на Маск.

- Реклама -