Поранешната Спајс девојка ќе се мажи!

Гери Халивел (42), поранешна членка на групата „Спајс грлс“, дискретно, преку соопштение во печатот откри дека ќе стапи во брак со Кристијан Хорнер.

Поголемиот дел од јавноста беше шокиран кога Гери и Кристијан ја објавија својата веридба во мал оглас во весниците, јави „Дејли Мејл“.

Црвенокосата пејачка е во врска со 40-годишниот Кристијан од март оваа година. Се познаваат од 2009 година, а својата врска ја започнале како добри пријатели. Двајцата имаат деца од претходните бракови. Гери има осумгодишна, а Кристијан едногодшна ќерка.

Кристијан неодамна се раздели од мајката на својата ќерка со која беше 14 години. Тој ја остави шест месеци откако се роди нивната ќерка Оливија. Гери и Кристијан заедно се видени уште минатиот јули, кога ја однесе на разгледување на британскиот Гранд При во Силверстоун.

Кристијан е директор на екипата на Infiniti Red Bull Rabing, а минатата година тој ја доби ОБЕ наградата за неговиот придонес кон моторните спортови.

abbf57bffeec49fb8af341ecce83488b

- Реклама -