Поранешната сопруга: „Ја чував неговата тајна со години, тоа беше исцрпувачки“

Актерката Линда Томпсон беше мажена за Брус пет години. Тие имаат два сина.
Брус Џенер веќе со месеци ги полни насловните страни, откога почнаа шпекулациите дека го менува полот и станува жена.

Потсетуваме, во долгонајавуваното и долго очекуваното интервју со Дајан Соер, Брус Џенер конечно потврди она што светската јавност веќе некое време шпекулира. „Вистина е. Што се однесува за сите намери и цели, јас сум жена“, емотивно признал поранешниот олимпиец и член на познатото реалити семејтво Кардашијан-Џенер.

Screenshot_2

Актерката Линда Томпсон беше мажена за Брус пет години. Сега по години молчење, Линда проговорила за нивниот брак за „The Huffington Post“.

„Брус кој тогаш го познавав беше едноставен, романтичен, обичен маж. Бев многу среќна што сретнав толку прекрасен партнер со кој ќе го поминам животот. Беше искрен и едноставно предобар за да биде реален“, рекла Линда.

Screenshot_3

Линда го запознала Брус на забава во Плејбој вилата. Многу брзо стапиле во брак. Бракот почнал да се распаѓа кога Брус ја открил тајната на Линда.

„Тој дојде до мене и ми рече дека мора нешто да ми признае за себе, нешто навистина важно“, се потсетува Линда. Помислила дека ја изневерил со друга жена, но била во грешка.

Screenshot_4

„Ми призна дека се чувствува како жена и дека себеси така се доживува“. Линда нашла психолог кој мислела дека ќе му помогне на Брус, но сепак бракот се распаднал неколку месеци подоцна кога Брус почна да прима женски хормони.

- Реклама -