Поранешна шефица на австриска дипломатија стана министерка за зачувување на сибирските тигри во Русија

Поранешната австриска министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл, доби нова работа во Русија, каде што ќе биде министерка за зачувување на сибирските тигри.

Кнајсл беше на функцијата шефица на дипломатијата на Австрија од 2017 до 2019 година како членка на десничарската партија ФПО и е позната по своите силни врски со Русија.

Во Австрија е најпозната по тоа што на нејзината свадба во 2018 година присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин, со кого дури и танцуваше..

Кога ФПО беше инволвирана во скандал поврзан со Русија во 2019 година, Кнајсл и нејзините колеги од партијата ги загубија позициите во владата.

Меѓутоа, Кнајсл брзо се снајде работејќи, директно или индиректно, за Русија. Таа често беше гостинка на Russia Today, меѓународниот канал под контрола на Кремљ, а во 2021 година влезе во управниот одбор на државната нафтена компанија Роснефт.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

Во политичката сфера, Кнајсл активно лобира за Русија. Минатата година одржа говор во Обединетите нации во кој повика на забрана за воена помош на Украина.

- Реклама -