Како да се „преживее“ шоуто, што се случува со натпреварувачите кога ќе се изгаснат рефлекторите, а камерите престанат да снимаат.
Карло Загорац во 2009 година беше дел од куќата на „Големиот брат“ – го гледавме како се заљубува и расправа, а сега, кога договорот со продукциската куќа истече ќе го дознаеме и она што не сме го гледале на ТВ.
„ Договорот ми истече пред три години, но не бев подготвен да зборувам за се што се случуваше таму. Неодамна сфатив дека луѓето и понатаму не разбираат многу нешта, не ја гледаат поентата на моето учество во реалното шоу, па решив да раскажам. За сега луѓето убаво реагираа, немаше омраза, но и оние што ме мразеа го гледале шоуто. Мојата книга што допрва ќе излезе на оваа тема е таен проект, а целта е да коментирам рејалити на реален начин, но би било прашање на кредибелитет ако коментирав без да учествувам во едно од нив“, вели Загорац и додава дека планира да напише книга, во која ќе ги спореди овие шоуа, со затвор.
„ Многу нешта не се гледаат и не се знаат. Ова е приказна за тоа како финкционираат нештата зад камерите и што се случува после. По напуштањето на куќата, се ми се смачи, бегав од новинари, а сега, кога созреав, сето тоа ми е забавно. Сепак, сакам да ја раскажам приказната за луѓето, децата пред се, да сфатат каков свет е реалното ТВ, во кое најчето родителите ги впуштаат своите деца“, вели Карло, мислејќи на бројните музички натпреварувања кои ги гледаме на телевизија.
Иако е презадоволен од односот што продукцијата на„Големиот брат“ го имала кон него, Карло вели дека продукцијата добро знае како „психолошки да ги напумпа“ натпреварувачите додека им се потребни, а потоа „кога тие ќе пукнат“ ги нема никаде.