Џош Чилдрес, поранешен кошаркар од НБА лигата, кој заработил над 60 милиони долари во кариерата, откако дипломирал на Универзитетот Стенфорд, во моментов игра во Австралија.
Во интервју за Grit Media, Чилдрес беше запрашан зошто огромен дел од професионалните спортисти банкротираат. Иако во моментов заработува помалку пари од времето во кое играше во НБА, Чилдрес вели дека успеал да избегне финансиски проблеми, како оние со кои некои спортисти се соочуваат.
Чилдрес, кој беше избран под број 6 во 2004 година и потпиша 4-годишен договор вреден 11,7 милиони долари, вели дека првата грешка што еден спортист ја прави, е да прецени со колку пари располага.
„Првата грешка е што луѓето си велат ‘Океј, имам 11 милиони dолари’,”, вели Чилдрес.
„Всушност имате пет милиони долари по даноците и тоа за период од четири години. Значи куќата за 1 милион долари, што сте ја купиле и сте си мислеле дека ви остануваат 10 милиони долари, одеднаш станува многу поскапа. Повеќето момци им купуваат на мајките и девојките куќа, автомобил или некој друг подарок. Тие купуваат автомобил и за себе. Треба да плаќаат помеѓу 2 и 4% надомест на агентот. Имате НБА фонд, за кој треба да одделете пари. Значи овој чек, кој сте го добиле, се троши брзо. “
Според Чилдрес друг голем фактор е влијанието на поискусните играчи кои заработуваат повеќе пари.
„Некои од најискусните играчи трошат повеќе пари од другите,” објаснува Чилдрес.
„Ако овие играчи ве земат под крило, тогаш и вие сакате да потрошите повеќе. Така мислите дека треба да биде “
Чилдрес споделува дека тој исто така паднал во слична ситуација во кариерата, но успеал да ги контролира трошоците.