Ескпретседателот на Перу – Алберто Фуџимори, како и тројца негови министри за здравство, обвинети се за присилна стерилизација на 2.116 луѓе, соопштија неколку здруженија за права на жените.
Фуџимори, кој издржува затворска казна од 25 години поради кршење на човековите права, обвинет е за настаните меѓу 1996 и 2000 година, последните четири од својот мандат. Во дадениот период, во склоп на владината програма за планирање на семејството и репродуктивното здравје, Фуџимори стерилизирал 272.028 жени и 22.004 мажи, повеќето припадници на сиромашната заедница Кечуа во Андите.
Во истрагата, која тапкаше во место 14 години, утврдено е дека во 2.166 случаи, стерилизацијата била обавена без доброволна согласност од оштетените, или слични соодветни информации. Истражителите регистрирале и најмалку еден случај во кој постапката резултирала со смрт.
Заедно со Фуџимори, обвинети се и поранешните министри за здравство: Марино Коста, Едуардо Јонг, како и личниот доктор на Фуџимори – Алехандро Агуинага.