Поради застој од 40 минути, BMW изгуби милион евра

Поради застој од 40 минути, предизвикан од недисциплината на двајца од работниците, фабриката на BMW во Минхен забележа загуба од еден милион евра.

Двајцата вработени испушиле џоинт во гардеробата во текот на паузата, а кога се вратиле на работа колабирале. Нивните колеги повикале Брза помош, но во меѓувреме монтажата на автомобилите морала да биде запрена.

Патем, не бил само џоинтот. Во крвта на едниот вработен е измерен и промил алкохол, а другиот бил наклукан со амфетамини. Едниот доби отказ, а другиот е преместен.

Ова е прв таков случај во фабриката на BMW.

- Реклама -