Тифани има Гилен-Бареов синдром – ретка автоимуна болест која предизвикува одбранбениот систем на телото да го напаѓа својот сопствен нервен систем, предизвикувајќи акутни воспаленија што можат да доведат до парализа. Болеста Тифани ја добила откако била вакцинирана.
„Кога имав 14 години, примив вакцина против тетанус и дифтерија. Со оглед дека се натпреварував во пливање, бев во одлична форма, бев силна и здрава, со неверојатен капацитет на белите дробови и ретко се разболував од било што освен настинка“, раскажува Тифани на Твитер.
„Тоа се промени преку ноќ. Од инекцијата раката тродупло ми отече поради инфекцијата и многу ме болеше. Почнав да имам проблеми со дишењето. Потоа повеќето мускули во телото ми откажаа. Развив пневмонија и лежев во кревет околу шест месеци. Одвај се движев или дишев. Речиси умрев.
Почнав да добивам ненадејни парализи. Тешкотиите со дишењето продолжија и продолжи да боли, главно поради дијафрагмата која во најголем дел ми беше парализирана (и таква остана 5 години). Мускулите ми атрофираа речиси инстантно. Почнав да имам симптоми на удар. Морав да користам инвалидска количка.
Беше тоа кошмар среде јаве. Уште полошо беше што немав дијагноза. Ни требаа две години да најдеме име за мојата состојба: Гилен-Бареов синдром – кој официјално беше наведен на листата на можни споредни ефекти од вакцината против тетанус-дифтерија една година откако го добив.
Симптомите на Гилен-Бареовиот синдром продолжуваат и по третата година кај само 30% од пациентите. Само 3% од пациентите доживуваат рецидив (relapse, враќање на прележана болест). Јас бев во двете групи. Поминаа 14 години од почетниот инцидент и ми требаа 6 години за значително да закрепнам. Минатата пролет болеста повторно ми се врати.
Поминав многу денови лежејќи на подот борејќи се за воздух. Не можев да седам исправена подолго од 5 минути едноподруго. Уште морам да користам инвалидска количка ако одам некаде и морам да одам повеќе од час или два. Физички е невозможно да ја комплетирам својата хигиенска рутина во еден наврат“, пишува Тифани. Но…
„Многумина би претпоставиле дека сум против вакцините. Што е целосно, темелно, грозно неточно. Јас сум недвосмислен поддржувач на вакцинацијата за секој еден што може да добие вакцина (со исклучок на лицата со компромитиран имунитет, меѓу кои сум и јас).
Тоа што мене ми се случи буквално имаше 1 на милион шанса да се случи. Да, страдав. Страдав повеќе отколку што можам да објаснам, и продолжувам да страдам. Но јас сум таа една во милионот. Јас сум екстремната статистика која е горчлива неопходност за повеќето од луѓето да бидат здрави.
Нема ништо во модерната медицина што доаѓа без ризици. Нема ништо во животот што доаѓа без ризици. Го разбирам тоа и секој друг треба да го разбере исто така. Мора да има луѓе како мене ако сакаме мнозинството да остане безбедно и здраво. Тоа е реалноста.
Кога не се вакцинирате, ги изложувате на ризик животите на сите луѓе како мене кои НЕ СМЕАТ да бидат вакцинирани. Буквално играте руски рулет со НАШИТЕ животи, бидејќи сте нервозни поради таа 1 во милион статистика. Тоа е отаде себично и за такво нешто нема изговор.
Чувајте ја јавноста здрава и безбедна. Чувајте нé НАС здрави и безбедни. Вакцинирајте се. Доста ги слушате теориите на заговор и погледнете во реалните статистики. Помислете на луѓето со рак и сериозни автоимуни болести кои невакцинирањето ги изложува на ризик. Направете го правилното нешто – тоа што е грижливо и разумно за општеството – и вакцинирајте се. Ви благодарам“, порачува Тифани.
(целата нишка ќе ја најдете под твитот, на Твитер)
when i was 14, i received a tetanus-diphtheria vaccine as part of a routine physical. as a competitive swimmer, i was in fantastic shape. my health & my fitness were my life. i was strong, had amazing lung capacity, & rarely caught more than a cold. that changed overnight.
— blue speed mouse. (@clemfairie) June 8, 2018