Поради прекинатата струја, канализацијата се излева на улиците во Газа

Официјални лица во Појасот Газа денеска соопштија дека канализацијата се излева на улиците бидејќи нема електрична енергија и предупредија на опасност по здравјето и еколошка катастрофа.

Претседателот на Општина Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, Ахмад ал-Суфи, истакна дека сите пумпи за отпадни води целосно престанале да работат, што доведе до излевање на канализацијата на улиците и во станбените населби и ширење на болести.

„Сега сме сведоци на влошување на еколошката состојба поради акумулацијата на отпадот на улиците во сите населби и ширењето на сите видови болести и епидемии“, посочи Ал Суфи.

Во северниот дел на Газа, борбите меѓу израелските сили и палестинските екстремисти продолжуваат пред најголемата болница во Појасот Газа, поради што илјадници луѓе избегаа на југ.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

Во болницата Ал Шифа нема струја и вода веќе три дена, а генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека судирите и бомбардирањето „ги влошиле веќе критичните околности“ и дека болницата повеќе не функционира како здравствена установа.

Претходно, заменик-министерот за здравство во Појасот Газам Јусеф Абу Рих изјави дека од саботата до денеска во главната болница во енклавата, Ал Шифа поради недостаток на електрична енергија починале седум предвремено родени бебиња и 27 пациенти на интензивна нега.

МИА

- Реклама -