Во публиката за време на последната емисија во живо, на популарниот регионален натпревар X Фактор Адриа, владееше еуфирија поради одличните настапи на финалистите.
Сепак, посебно воодушевување кај женскиот дел од публиката предизвика бендот 9Control.
Четворицата момци ја изведоа песната „Mirrors“ од Џастин Тимберлајк, со интересна кореографија. Целовкупниот настап остави добар впечаток врз жири комисијата која заклучи дека бендот напредува од емисија во емисија.
Нивниот ментор Тончи искоментира дека се супериорни.
Moмчињата од бендот по настапот дури добија и подароци од нивните обожаватели.
Како изгледаше сето ова, погледнете во видеото ви продолжение.