Поради оваа фотографија туристичкиот водич на Канада стана хит на социјалните мрежи

Министерството за туризам и култура на Канада објави официјален туристички водич за 2015 година, кој неочекувано наиде на големо медиумско внимание.

Имено, туристичкиот водич кој го рекламира островот Принц Едвард, една од 10 канадски покраини, има многу интересна корица.

Корисниците забележаа дека младиот човек изгледа „сексуално возбуден“.

612148_princ-edvard_ff (1)

На фотографијата се наоѓа млад пар кој ужива на песочна плажа под сонецто, крај синото море. На прв поглед делува како идилична сцена од плажа, баш онаква каква што би требало да ги привлече туристите.

Меѓутоа „острото око“ на интернетот  забележа една „занимливост“. Имено, мажот на фотографијата делува „сексуално возбудено“. Дали е така или се работи за „валани“ мисли, проценете самите.

 

- Реклама -