Поради оваа фотографија од ќерката на Обама, Белата куќа покренува истрага

16-годишната Малија Обама, постарата ќерка на Барак Обама, заврши на Инстаграмот на хип-хоп колективот Про Ера.
Ќерките на американскиот претседател Барак Обама, растат пред строгото око на јавноста. Неодамна тие во јавноста биле критикувани, бидејќи биле несоодветно облечени за Денот на благодарноста, а сега ситуацијата е малку посериозна, пишуваат странските медиуми.

Една приватна фотографија од постарата ќерка на Обама, Малија завршила на Инстаграм профилот на хип-хоп колективот Про Ера. Иако автентичноста на фотографијата се уште не е потврдена, Белата куќа најавила дека ќе го испита случајот.

Одговорните за безбедноста на претседателот и неговото семејство го поставуваат прашањето како фотографијата на Малија протекла во јавноста. Член на Про Ера изјавил дека до фотографијата дошле преку заеднички пријател на еден од членовите на колективот и Малија.

Прочитајте и:  Обама му честиташе на Трамп, „му подава рака“ за подобра Америка
- Реклама -