Поради Олимпијадата, Оскарите ќе се поместат за во март

Доделувањето на Оскарите наредната година ќе биде одржано на 2 март, односно една недела подоцна од вообичаеното, за да не би се вклопило со зимската олимпијада во Русија, соопштија организаторите.

Како што пренесува „Ројтерс“, американската филмска академија истовремено најавила дека свеченото доделување на оскарите во 2015-та година ќе се одржи во вообичаениот термин на 22 февруари.

Номинациите на 86-то доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 16 јануари 2014 година.

Зимските олимписки игри во Сочи ќе траат од 7-ми до 23-ти февруари, што примора неколку големи холивудски свечености да го поместат датимот за да би го избегнале поклопувањето на терминот.

- Реклама -