Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Поради работи на санирање на дефект во водоводната мрежа, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во општата градска болница и населбите Дутлок, Фазанерија, Циглана и Кеј Вардар, информираше Јавното претпријатие Комуналец Гостивар.

„Водоснабдувањето ќе се врати во нормала по завршувањето на техничката интервенцијата. Бараме разбирање од граѓаните до санирање на дефектот.“, се вели во известието од претпријатието.

Извор