Популарното видео со бакнување на YouTube сепак е реклама

На 10-ти март на YouTube се појави видео во кое 20 волонтери во парови кои се гледаат за прв пат во животот, се бакнуваат. Прикажано е нивното запознавање, бакнежот и реакцијата потоа.

Авторката Татјана Пилиева ни одржа лекција за тоа како да се привлече вниманието на 25 милиони луѓе за само 2 дена. Денес е петти ден по објавувањето, а видеото е прегледано околу 50 милиони пати.

Сепак, оној кој има подобра моќ на забележување, сигурно помислил дека сите волонтери се  убави, но и совршено облечени. (што не би било карактеристично за случајно одбрани луѓе)

Откако милиони го споделуваа видеото, една модна куќа со име Wren Studio напиша на Твитер: „За да се одбележи дебито на есенската колекција 2014, замоливме 20 непознати да се бакнат за прв пат.“

Со ова, Мелиса Кокер ги разочара фановите на видеото кои помислуваа дури и на тоа дека некои од паровите се уште се заедно.

Таа изјавила дека преку имејл пораки замолила свои познаници да учествуваат во рекламното видео, а момчето со тетоважите е вработено во Wren Studio.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -