Роберт Дауни Џуниор втора година по ред е најдобро платен актер во Холивуд, известува Forbes.
Четириесетидевет годишниот актер во изминатите две години заработил износ од дури 75 милиони долари годишно, во главно благодарение на франшизата на Марвел Iron Man и The Avengers.
На второ место, со 52 милиони долари, се наоѓа Двејн „The Rock“ Џонсон, чии пари се исто така заработени од франшизата „Fast and Furious“.
Трет на листата е Бредли Купер со 46 милиони долари, кој и понатаму црпи од филмовите „The Hangover“, но и хитот „American Hustle“.
Леонардо ди Каприо го освои четвртото место со 37 милиони долари, а нови на листата се Крис Хемсворт со 37 милиони кои, исто така, ги должи на стриповите на Марвел- Thor и The Avengers.
По нив следат Лиам Нисон (36 милиони), Бен Афлек (35 милиони), Кристијан Бејл (35 милиони), Вил Смит (32 милиони) и Марк Валберг (32 милиони долари).