Популарни инстаграм часовници InstaWATCH

Веќе и птиците на гранките знаат дека Инстаграм стана една од најпознатите социјални мрежи во светот, од неодамна и дел од Фејсбук, а популарноста не престанува да се зголемува.

Со порастот на популарноста доаѓаат и многу производи во кои се искористуваат Инстаграм фотографии, а последен од нив е InstaWATCH.

instawatch1

За да ја украсува и вашата рака овој едноставен и ефектен часовник од 44 долари, потребно е само да пратите фотографија која сакате да се најде на рачниот часовник, и да одберете една од 14-те понудени бои на ремчиња.

Тоа ќе можете да го направите на веб сајтот на Инстаграм од 28 мај.

instawatch2

- Реклама -