Поптодорова: Ниш очигледно е руска воена база

Во исто време, поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси ја повика Европската комисија да обрне внимание на руската активност во Србија.

„Ниш очигледно е руска воена база во Србија, која ја нарекуваат центар, или речиси па институција. Ако таму остават С-400, нивните операции ќе ги опфатат Бугарија и целиот регион на Западен Балкан“, рече Поптодорова.

Освен тоа, поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси на Твитер ја искоментира фотографијата на српскиот претседател Александар Вучиќ со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и еврокомесарот Јоханес Хан, барајќи од Европската комисија да обрне внимание на руската активност во Србија.

„Дали ќе има други дискусии за руското воено присуство во Србија и рускиот центар за шпионажа во Ниш? Или ние и на КГБ му нудиме европски перспективи“, напиша Паси.

- Реклама -