Поповска: Нема „преговори“ за Гоце Делчев

Анти-цивилизациски чин е да се одредува етничката припадност на ќовек кој живеел пред 150 години и која не може да приговори. За Гоце Делчев зборува неговото делоа, песните на неговите современици и на неговите следбеници, кои се бореа за неговиот сон и борба – самостојна Македонија!

И кои сме сега ние да му ги мешаме коските без почит?!- реагира поранешна лидерка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, на барањето на бугарскиот ремиер Бојко Борисов кој на 1 август, среде Скопје, повика до октомври историчарите во мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања да решат дека Гоце делчев бил – Бугарин.

„Сите овие изјави се грубо го кршат Договорот за пријателство, според кој ртреба во вропски дух, заеднички да се чевствуваат настани и личности кои се значајни за двете држави и двата народа.

Тоа се прави на два начина:

1) се почитуваат меѓусебните разлики во толкувањето или

2) се нприфаќаат историските факти и онаа страна што и згрешила на другата, се извинува во име на сегашноста и иднината. Во европски дух и манир.

И, не постои ‘решение’ за историските личности, нема ‘преговори’ за етничка или државна припадност за луѓе од минатите векови, кога немало ни држави, ни етникуми во денешна смисла. Се друго е уцена на посилниот кон послабиот“, пишува Поповска.

- Реклама -