Поплавите во Јапонија однесоа 199 животи

Бројот на загинати во поплавите во Јапонија се искачи на 199, изјавиле за медиумите јапонските власти.

Бројот на исчезнати лица е околу 60, но се стравува дека ниту една од овие цифри не е конечна и дека се можни промени во црниот биланс од поплавите.

Ова е најтешка катастрофа која ја има погодено Јапонија од 1982 година наваму. Поради тоа, се работи на преиспитување на методите за проценка на ризици.

Многу жители од погодените подрачја се сместени во јавни згради или пак кај роднини и пријатели, додека да се расчисти целосниот хаос и да се знае конечниот епилог од елементарната непогода.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
- Реклама -