Поплави во Австрија, делови од Виена под вода

Обилните дождови кои овој викенд ги зафатија алпските региони на Австрија и оставија делови од Виена под вода, притоа предизвикаа сериозни штети во делови од земјата и на одредени места го попречија железничкиот и патниот транспорт.

Поројните врнежи силно го погодија ски-центарот Сент Антон, во западниот дел од Австрија.

Во Виена, каде што биле забележани 110 литри дожд на квадратен метар, противпожарните служби интервенирале дури 450 пати.

Автомобил заглавен во поплавената Виена

„Обилните бури направија голема штета во многу делови на Австрија“,

изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Во Австрија просечните врнежи во август се 68 литри на квадратен метар.

- Реклама -